Бизнис
Современ пристап во медицината и нов бренд идентитет – Промедика одбележува 30 години постоење
27.02.2026г
Промедика го претстави својот нов бренд идентитет кој кореспондира со современиот пристап во медицината и грижа за пациентите. Како дел од својот 30-годишен јубилеј, еден од најреномираните медицински центри во Македонија, најавува многу новини во работењето, пред сè насочени кон воведување современи технологии и унапредени методологии. Новиот визуелен идентитет на Промедика го одразува статусот на интегриран медицински центар кој е тука во моментите кога им е најпотребен на пациентите.
Ре-брендингот не претставува само визуелна трансформација, туку стратешка еволуција што ја одразува зрелоста, експертизата и интегрираниот пристап што Промедика го гради во изминатите три децении. Новото лого на Промедика симболизира грижа, живот и доверба како вредности кои се во сржта на работата на медицинскиот центар.
„Промедика е интегриран медицински центар кој нуди современа технологија, високи професионални стандарди и мултидисциплинарен пристап, со цел да обезбедиме сеопфатна и синхронизирана медицинска грижа. Она што го градиме веќе 30 години е систем кој на секој пациент ќе му обезбеди соодветен третман и стручна поддршка, согласно неговите потреби“, велат од Промедика.
Промедика се состои од вкупно 10 специјалности – општа медицина, педијатрија, интерна медицина, гинекологија, офталмологија, дерматовенерологија, естетска медицина, физикална медицина и рехабилитација, пулмоалергологија и гастроентерохепатологија. Во центарот работи тим од искусни професионалци кои се постојано посветени на грижата за пациентите.