Бизнис

СОСТОЈБАТА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО ГЕРМАНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ВЛОШУВА, работодавачите планираат понатамошни намалувања на работната сила

Германските работодавци планираат понатамошни намалувања на работната сила, особено во автомобилската индустрија, според новиот февруарски извештај од Институтот за економски истражувања (ИФО) во Минхен.

Вредноста на индексот, кој ја оценува подготвеноста на германските компании да вработуваат, падна од 93,4 поени во јануари на 93,1 поен, што укажува на влошување на состојбата на пазарот на трудот.

Пазарот на трудот повторно покажува поголема воздржаност, а многу компании планираат отпуштања наместо да вработуваат нови работници, предупреди раководителот на истражувањето на ИФО, Клаус Волрабе.

Индустрискиот сектор останува под најголем притисок, при што речиси сите гранки планираат да го намалат бројот на вработени.

Автомобилската индустрија е особено погодена, каде што притисокот за прилагодување на трошоците останува многу силен поради послабата побарувачка и структурните промени.

Во услужниот сектор, фирмите генерално се помалку спремни да вработуваат, освен во области како што се ИТ и правни и консултантски услуги.

Малопродажниот сектор, исто така, продолжува да работи со намален број на вработени, што е одраз на претпазливоста на компаниите во услови на неизвесна економска перспектива и послаба потрошувачка.

Градежниот сектор е исклучок, бидејќи компаниите планираат умерено зголемување на вработеноста, пренесува Политика.


 

Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано