Финансии / Банкарство
КИНА ГИ ЗАДРЖНА КАМАТИТЕ НА РЕКОРДНО НИСКО НИВО, земјата мора да премине на модел на раст базиран на домашна потрошувачка
25.02.2026
Народната банка на Кина ја задржа основната каматна стапка за едногодишните кредити на рекордно ниско ниво од три проценти.
Покрај тоа, банката ја задржа каматната стапка на 3,5 проценти за повеќегодишните кредити подолги од пет години, што е репер за станбени хипотеки за многу заемодаватели, што е рекордно ниско ниво, објавува Синхуа.
Двете стапки не се променети девет месеци, а последен пат ова се случи во мај, кога стапките беа намалени од тогашните 3,1 и 3,6 проценти.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави на крајот од минатата недела дека очекува економски раст на Кина од 4,5 проценти во 2026 година, што е зголемување од 0,3 процентни поени во споредба со претходната октомвриска проекција.
ММФ предупредува на слаба побарувачка во земјата поради долгорочната криза на пазарот на недвижности и други фактори.
Според аналитичарите на Фондот, Кина мора да го забрза преминот кон модел на раст базиран на домашна потрошувачка, со посилни фискални стимулации, посилна социјална заштита и поддршка за секторот за недвижности со цел да се намали зависноста од извозот, објавија медиумите, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис