Бизнис

ДРАСТИЧЕН ПАД ВО ПРЕВЕЗЕНИТЕ ПАТНИЦИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕВОЗ, во градскиот превоз за 10,4 отсто

Во четвртото тримесечје од 2025 година вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10.055.000 и е намален за 8,5 проценти во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во меѓународниот превоз бројот на превезени патници е намален за 53,3 проценти, во градскиот за 10,4 проценти, во меѓуградскиот за 6,7 проценти, а во приградскиот за 3,6 проценти. 

Вкупниот број на патничките километри во последниот квартал од минатата година е 242.740.000 и е намален за 21,7 проценти во однос на истиот период од претходната година. Притоа во градскиот превоз патничките километри се зголемени за 26,4 проценти, а намалени се во меѓународниот за 35,5 проценти, во приградскиот за 3 проценти, а во меѓуградскиот за 1,7 отсто.

Во 2025 година превезени се вкупно 38.739.000 патници со автобус, од кои во градскиот 19.848.000, во приградскиот 15.071.000, во меѓуградскиот 3.303.000, а во меѓународниот 516.000 патници. 


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано