Бизнис

Иуте Македонија како стабилен столб на групацијата, со двоцифрен раст и квалитетно портфолио

Година на квалитетен раст и структурно зајакнување на групацијата Иуте-реализирани приходи од 124,6 мил. евра и нето добивка од 9.9 мил. евра


Естонската групација Иуте - дигитална банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа, ги објави неревидираните резултати од работењето во 2025 година.

Групацијата бележи раст и во обем и во оперативен квалитет, со внимателно одржан баланс помеѓу тековната профитабилност и инвестициите потребни за изградба на долгорочни дигитални банкарски капацитети.

Иуте оствари вкупни приходи од 124,6 милиони евра, со 10,6% пораст споредбено со претходната година, нето добивката порасна на 9,9 милиони евра, со зголемување од 10% во однос на истиот период, додека консолидираниот биланс на состојба на групацијата достигна 511 милиони евра, надминувајќи ја годишната поставена цел. Исто така, бројот на активни клиенти порасна на 274 илјади, со пораст од 4.5% споредбено со истиот период лани.

Сите деловни сегменти бележат раст, додека уделот на услуги што не се поврзани со кредитирање постепено се зголемува, со 4% од приходите кои се резултат на платежни услуги и 5% на осигурително-брокерско посредување. Износот на вкупно исплатени кредити порасна за рекордни 13.6% споредбено со претходната година, бележејќи износ од 424.6 милиони евра, пришто дисциплината на отплата на обврските до 30 дена е значително подобрена како резултат на напредните модели за кредитна риск сегментација и внимателното управување со ризици.

Според Извршниот директор Тармо Силд, компанијата континуирано напредува кон трансформација во дигитална банка изградена околу мобилната супер-апликација Myiute која ги интегрира кредитирањето, плаќањата и осигурителните решенија во еден единствен екосистем.

„Во текот на изминатава година, групацијата инвестираше повеќе од 10 милиони евра во технолошки развој и географска експанзија. Технологијата и науката базирана на податоци продолжуваат да ја зајакнуваат профитабилноста и ефикасноста на групацијата. Предиктивното моделирање го зголеми уделот на автоматизирани одлуки за кредити, овозможи персонализирани понуди и го подобри корисничкото искуство. Корисниците сè повеќе ја препознаваат групацијата како целосно дигитална и кориснички ориентирана дигитална платформа на која можат на едно место да добијат лично финансирање, но и да штедат, да се осигуруваат, да инвестираат, купуваат, плаќаат, разменуваат и префрлаат средства. Инвестиравме во технологии на иднината и во нови пазари, финансирани од сопствени извори од постојното работење и останавме посветени на трансформација преку дисциплиниран раст. Проширувањето во Украина претставува значаен чекор напред. Украина е идниот европски мотор на раст, а ние се подготвуваме да изградиме целосно дигитална банка врз основа на нашата технолошка експертиза и оперативно искуство.“, посочува Силд.

2025 година претставува клучна точка во развојот на Иуте Македонија, година во која обемот, профитабилноста и интеграцијата на екосистемот растат синхронизирано. Компанијата преку трите правни ентитети ја заврши годината со значителен раст на сите клучни позиции. Билансот порасна за 52%, достигнувајќи 61,5 милиони евра, високо квалитетно кредитно портфолио достигна 47,6 милиони евра (+53%), се реализираа 25 милиони евра приходи (+23%) и нето добивка од 4,1 милиони евра што е резултат на засилена пазарна активност и проширената понуда на финансиски услуги.

„Иуте Македонија како дел од групацијата Иуте во изминатата година оствари силни финансиски резултати, со двоцифрен раст и силна профитабилност. Особено сме горди што не растевме само во бројки, туку во структура, во ефикасност и во длабочина на екосистемот. Растот од над 50% на активата беше внимателно управуван, капитално поддржан и ризично балансиран. Скалабилноста на нашиот модел е потврдена, билансот е здрав, ликвидноста стабилна, а профитабилноста одржлива. Екосистемот што го градиме не е само комерцијална предност, туку е и финансиска стабилизација и станува клучен двигател на вредност со што градиме подлабока релација со клиентите и поцврста финансиска основа. Влегуваме во 2026 година со самодоверба, капитална сила и јасна амбиција, да продолжиме да растеме побрзо од пазарот, таму каде што вредноста е одржлива”, изјави Нина Мојсова Ќосева, Директор на финансии на Иуте Македонија.

Во 2026 година, Иуте очекува континуиран раст, со проектирани приходи од 150 милиони евра и нето добивка од 12 милиони евра.


 

Целиот сумиран извештај и преглед е достапен  тука.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано