Економија
Советниците од општина Центар пред одлука за деловен објект од 25 спрата на локацијата на поранешната печатница на Нова Македонија
19.02.2026г
За локацијата на поранешната Печатница на Нова Македонија денеска ќе се одлучува на Седницата на Советот на Општина Центар
Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ во објава на социјалната мрежа фејсбук велат дека општината не смогнала сили да направи ново решение туку со ʼкорекцииʼ се обидува да го „дотера“.
“Се смета за грешка една линија која недостасува во планот, ама не е грешка целиот концепт на развој на овој простор. Дали со сите сознанија и искуства во 2026 мора да спроведуваме одлуки од 2012 година?
Планерот ТАЈФА ПЛАН го повикуваме јавно да го образложи решението со кое: Површината за градба е 105.000m2, на основа од 5.200 m2.
Согласно правилникот за урбанистичко планирање за таа површина со деловна намена потребни се 1.750 паркинг места, кои може да се обезбедат само со 10 подземни нивоа.
Коефициентот на искористеност е k= 17, иако за сите околни градби е 4 или 5.
Пристапниот пат до влезот за гаражата е залепен до постојните стари објекти без можност за тротоар, стои во објавата.
Катноста на објетот е предвидена на 25 спрата.
Дали урбанистичкото планирање треба да обезбеди уставно загарантирана заштита на јавниот интерес, прашуваат од Шанса за Центар.