Бизнис
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ОЗНАЧИ ДАЛИ ПРОИЗВОДОТ Е ОД СВЕЖО МЛЕКО ИЛИ ОД МЛЕКО ВО ПРАВ, побараа од здружението на заштита на потрошувачи во Србија
19.02.2026
Итно да се пропише задолжително, јасно и видливо означување на потеклото на млекото на пакувањето, вклучително и задолжително истакнување дали производот е добиен од свежо млеко или реконституиран од млеко во прав, ова е барањето на граѓанското здружение Еколошко востание упатено до Министерството за земјоделие на Србија.
Граѓаните на Србија имаат право да знаат дали нивните деца пијат домашно свежо млеко или пијалок направен од увезено млеко во прав, објави Еколошкото востание, потсетувајќи дека Уставот на Србија гарантира заштита на потрошувачите и ја обврзува државата да го заштити здравјето на луѓето.
Скриените или нејасните декларации, ситните букви и техничката формулација не се транспарентност, туку заблуда на потрошувачите, како и дека Законите за безбедност на храната и заштита на потрошувачите забрануваат заблуда на граѓаните за природата, составот и потеклото на производите.
Еколошкото востание бара земјата на потекло на суровото млеко да биде јасно означена на предната страна од пакувањето, дека производот е добиен од домашно свежо млеко или од млеко во прав, и да се зајакне инспекцискиот надзор и да се санкционира секоја „нејасна“ практика.
„Млекото во прав не е исто што и свежото млеко. Граѓаните имаат право да ја знаат разликата. Заштитата на децата, потрошувачите и домашните производители е уставна обврска на државата. Транспарентноста не е избор - тоа е минимум одговорност“, велат од Еколошкото востание, додавајќи дека ако државата не дава јасни информации за тоа што пијат граѓаните, тогаш свесно ја презема одговорноста за последиците, пренесува Данас.
Фото Економија и бизнис