Бизнис

Американските потрошувачи се загрижени за зголемувањето на цените, Трамп планира да ги намали царините за челик и алуминиум

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да ги намали одредени царини за увезена стока, вклучувајќи и за челик и алуминиум, со цел да го намали притисокот врз потрошувачите и да го намали порастот на цените на некои производи, пишува денес Фајненшл тајмс (FT).

Претставници на Министерството за трговија и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД веруваат дека царините им штетат на потрошувачите и ја зголемуваат цената на секојдневните производи како што се тави за пита и лименки за храна и пијалоци.

Американските потрошувачи се загрижени за зголемувањето на цените, а се очекува дека прашањето за високите трошоци за живот ќе биде главен фактор за Американците пред ноемвриските избори за Конгресот.

Пазарот веднаш реагираше на веста, така што фјучерсите на американските производители на челик се намалија за околу од 2,5 отсто до четири отсто.

Фјучерсите за алуминиумските компании за шест проценти.

Минатата година, Трамп воведе царини до 50 проценти за увоз на челик и алуминиум, а високите царини ги искористи како аргумент во преговорите со разни трговски партнери.

Американската администрација сега планира да ослободи одредени производи од царини и да престане да го проширува списокот на производи што подлежат на царини, пренесува Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО