Економија

ЈАНУАРСКАТА ИНФЛАЦИЈА Е 3,2 ОТСТО, трошоците на живот за храна се повисоки за 5,2 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува –0,7 %, објави Државниот завод за статистика.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3,2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,2 %. 

Трошоците на живот  за храна и безалкохолни пијалоци во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година се повисоки за 5,2 отсто, за покуќнина  и опрема за домување за 5,8 отсто и за ресторани и услуги за смествување за 4,8 отсто.

Цените на мало за прехранбени производи за периодот јануари 2026 година/ јануари 2025 година се повисоки за 4,4 отсто. 

Индексот на цените на мало во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година изнесува 97,3.

Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9,3 %, Информации и комуникации за 1,6 %, Рекреација, спорт и култура за 1,5 %, Облека и обувки за 1,2 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 %. 

Главни поенти

Во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година:

  • Стапката на инфлација е -0,7 %
  • Во групата Транспорт е -9,3 % 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано