Бизнис

СУТКОЗ: Го поддржуваме новиот закон против пушењето, но да се најдат начини да не се предизвика намалување на бројот на работници

Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, во изјава за медиумите денеска истакна дека тие го поддржуваат новиот закон за заштита од пушење, но, како што рече, треба да се најдат начини и мерки да не предизвика намалување на бројот на работници во овој сектор. 

- Ние како синдикат имаме забелешки и ќе ги доставиме. Очекуваме и угостителите, Комората на угостителите, односно на работодавачите, да ги даде своите забелешки. Нашите забелешки се во насока да не се загубат работни места. Ние го поддржуваме носењето на законот, меѓутоа треба да се најдат начини и мерки да не придонесе за намалување на бројот на работници во овој сектор. Знаеме дека овие дел за пушачите.

- Сметаме дека добро е решението што беше во претходниот Закон за пушењето, со кој беше обезбеден дел за пушачите во објектите. Треба да биде посилна контролата и мислиме дека на тој начин ќе се задоволат на еден начин и двете страни. Знаеме дека и досегашниот закон предвидуваше одредени простори за пушачите или таканаречени тараси, предвидуваше таков дел во кој пушачите ќе бидат во можност да може да уживаат во тоа свое задоволство. Сметаме дека со стриктна примена, со посилни контроли, ќе се придонесе на тој начин - рече претседателот на СУТКОЗ.

Кашиковски нагласи дека како синдикат даваат поддршка и во однос на поригорозност на новиот закон за угостителство, кој се изработува од Министерството за економија и труд. 

- Апсолутно како синдикат даваме поддршка во однос на поригорозност на законот. Зошто? Бидејќи ние како синдикат, меѓу другото, го застапуваме и делот за безбедност и здравје при работа на работниците и сметаме дека со овие построги законски решенија би се избегнале можности и за повреди на посетителите во одредени објекти, заштитата на работниците во овие два сектора би била поголема. Покрај унапредувањето на работничките права, ние како синдикат се залагаме за почитување на сите оние мерки за безбедност и здравје при работа не само за работниците туку и за посетителите на одредени објекти - рече претседателот на СУТКОЗ, Кашиковски. 


 

Извор МИА

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО