Вести
Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија
09.02.2026
Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина.
Во периодот од 06:00-10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.Пајак, ул. Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие) во општина Центар, во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од ул.Радишанска во Бутел, од 09:00-12:00 часот корисниците на ул. 29 Ноември бр. 37 во Центар и во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од ул. Урош Џудовиќ во Карпош.
Фото Економија и бизнис