Вести

Зголемен водостојот на Дојранското и на Охридското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро во споредба со вчера, за еден на Охридското, а нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри повисок од просекот за февруари, а на Дојранското за 87 сантиметри, но сепак е 84 сантиметри под договорениот минимум. Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 2,23 метра пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Зголемување на водостојот во споредба со вчера бележат и речиси сите реки во земјата. Најголемо зголемување од 51 сантиметар има реката Вардар на мерното место кај Демир Капија, а најголемо намалување од четри сантиметри има Брегалница кај Берово.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано