Вести

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег

 Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Стража - Кичево во двата правца е воведена  од 9.40 часот поради врнежи од снег.

Како што претходно соопшти ЈП „Македонијапат“, од  9.20 часот поради врнежи од снег  воведена е забрана за сообраќај за камиони  и автобуси на патниот правец крак Шипковица - Попова Шапка, а од 5.45 часот е забранет сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.

 АМСМ и ЈП „Македонијапат“ информираа дека врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано