Економија

ШВАЈЦАРИЈА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ВО САД, зголемен трговскиот суфицит наспроти царините на Трамп

Швајцарскиот извоз во Соединетите Американски Држави во  2025 година порасна и покрај царините од американскиот претседател Доналд Трамп, покажаа податоците од царинската управа.

Заради намалување на трговскиот дефицит во април лани Вашингтон ѝ се закани на Швајцарија со царина од 31 процент, за потоа да ја зголеми на 39 проценти во август. Во 2024 година, САД забележаа трговски дефицит со Швајцарија од 39,0 милијарди долари.

Во ноември 2025 година, кабинетот на претседателот Доналд Трамп ја намали царината за швајцарските стоки на 15 проценти поради склучениот трговски договор, изедначувајќи ја со царината што ја воведе на земјите од Европската Унија.

Со исклучок на златото и другите скапоцени метали, како и скапоцените камења, накитот, уметничките дела и антиквитетите, швајцарскиот извоз во Соединетите Американски Држави се зголеми за 3,9 проценти во 2025 година на 54,7 милијарди швајцарски франци (71,4 милијарди долари).

Швајцарскиот увоз на американска стока се намали за 5,7 проценти на 13,3 милијарди франци.

Швајцарија минатата година забележа трговски суфицит со Соединетите Американски Држави од 41,4 милијарди франци, што е за 7,5 проценти повисоко отколку во 2024 година.

Вкупниот швајцарски извоз се зголеми за 1,4 проценти на 287 милијарди франци минатата година, предводен од хемиски и фармацевтски производи, а тиа  учествуваа со повеќе од половина од извозот. Увозот, исто така, се зголеми за 4,5 проценти на 232,7 милијарди франци.

Швајцарскиот трговски биланс со светот,  покажа суфицит од 54,3 милијарди франци, што е за 10 проценти пониско отколку во 2024 година.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано