Финансии / Банкарство
Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје!
16.12.2025г
Во 2026 година, НЛБ Банка влегува со нов состав на Управниот одбор. По регулаторното одобрување од Народната банка, за нови членови на УО се назначуваат Bojan Stojanoski/Бојан Стојаноски,
Dragisa Tadic/ Драгиша Тадиќ и Kiril Buhov MSc./Кирил Бухов.
Откако доби нов мандат од Народната банка, во одборот продолжува и Katerina Jankovic/Катерина Јанковиќ.
Овој лидерски тим, под раководство на претседателот Toni Stojanovski е целосно подготвен и посветен кон извонредност, обезбедување долгорочна стабилност и стратешки раст на Банката.
„Проширениот состав на Управниот одбор претставува дополнително зајакнување на управувачките капацитети на Банката и создава силна основа за реализирање на нашите стратешки приоритети. Упатувам искрени честитки до сите членови на Управниот одбор, моите колеги, за нивното назначување. Уверен сум дека нивната докажана експертиза, професионален интегритет и посветеност ќе дадат значаен придонес во натамошниот развој и стабилноста на Банката. Заедно, со јасна визија и одговорно управување, ќе продолжиме да ја водиме Банката кон нови хоризонти и одржлив раст, создавајќи вредност за нашите клиенти, вработените и заедницата. Воедно, изразувам длабока благодарност до досегашните членови на Управниот одбор, Петер Зелен и Игор Давчевски, за нивниот ангажман, професионализам и придонес во работењето на Банката и им посакувам успех во идните професионални предизвици“. истакнува Тони Стојановски.
Новиот Управен одбор ја истакнува посветеноста на НЛБ Банка Скопје кон силно корпоративно управување, искусно и напредно лидерство, усогласено со долгорочните цели и визијата на Банката и НЛБ Групацијата.