Вести

Без струја делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Без електрична енергија денеска од 8:20 до 14:20 часот ќе останат дел од корисниците од село Марино, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улица „Козле“, крак 2 во Општина Карпош.

Во период од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „1511“ и „1512“, зад Автосервисот - Мечкаров во Општина Кисела Вода, а од 11:00 до 14:00 часот дел од корисниците од улица „Коце Металец“ во Општина Гази Баба. 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано