Бизнис
ПРИЛОГ: Користењето на бизнис дијагностика станува неопходност за зголемување на продуктивноста во МСП
прилогот го подготви: Митко Јовановски
Економија и бизнис | печатено издание | 15 ноември 2025г.
Подобрувањето на продуктивноста во производниот процес и во давањето на услугите се основата за долгорочен и за одржлив раст на компаниите. Со создавањето на конкурентни производи со повисока додадена вредност, домашните компании придонесуваат и за поголема продажба и за зголемен извоз, но и за раст на националната економија.
Ниската продуктивност на македонската економија е резултат на повеќе фактори кои претставуваат сериозен предизвик и за управувачките тимови во малите и во средните претпријатија, кои се соочуваат со ограничени ресурси и информации.
Користењето на надворешни советници и примената на новите модели на бизнис-дијагностиката во подобрување на ефикасноста и на продуктивноста на деловните процеси станува неопходност за малите фирми кои добиваат јасна слика за сопствениот бизнис со идентификација на клучните пречки за раст и на можностите за унапредување на бизнисите.
Во вториот прилог на Економија и бизнис разговаравме со бизнис советниците кои соработуваат со Швајцарскиот проект за модернизација и ги пренесуваме нивните искуства од неколку различни аспекти. Со Благоја Милошевски разговаравме за улогата на дигитализацијата во подобрување на системите за управување во компаниите. Златко Еделински се осврнува на подобрувањето на продуктивноста во преработувачките компании од македонскиот земјоделски сектор. Лазар Ѓуров и Мирјана Ѓорѓиевска Ѓуров говорат за начините и за моделите за подобрувањето на лидерските вештини во компаниите, додека Наташа Ивановска и Биљана Велевска даваат совети за подобрување на општата деловна атмосфера како предуслов за успешна компанија и за зголемена продуктивност.
Целиот ПРИЛОГ прочитајте го на ЛИНКОТ
прилогот го подготви: Митко Јовановски
Оваа активност е поддржана во рамките на Швајцарскиот проект за модернизација кој го спроведува Свисконтакт. Содржината искажана не смее да се смета дека ги одразува ставовите на донаторот и спроведувачот.