Бизнис

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави дека нашата држава го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика и Антена“ (AI Antenna Factory), кој се реализира со поддршка на Министерството и со финансиска помош од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС. 

- Ова е капитален проект со историско и национално значење. Нова страница во дигиталниот развој на Македонија во која Владата, универзитетите, индустријата, заеднички градат Национален систем за вештачка интелигенција. Носител на овој проект е Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) приук УКИМ во Скопје, со силна институционална поддршка од Министерството за дигитална трансформација и Владата, истакна Андоновски.

Проектот „Везилка“ е избран за финансирање преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС, а вкупната вредност изнесува нешто помалку од шест милиони евра. Финансиран е од ЕУ со кофинансирање од страна на Министерството, Владата и ФИНКИ.

-Со овој проект Македонија се позиционира како активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција што претставува огормен исчекор за нашата научна и технолошка заедница. Како што наведе вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕУ препозна дека капацитетот на моќ на супер компјутерите и инфраструктурата за вештачка интелигенција е фундаментален преудслов за технолошка автономија и конкуретност. Во таа насока таа најави дека овие фабрики за Вештачка интелигенција ќе се оторат и за Западен Балкан вклучително и со антени и во Македонија и во Србија, рече Андоновски.  

Како што појасни тој, „Везилка“ е планирано да функционира како придружен центар на Европската фабрика за вештачка интелигенција (ФАРОС), со седиште во Грција. Ова партнерство, според Андоновски, ќе овозможи директен пристап до европски супер компјутери и напредни податочни простори што ќе биде достапно за јавни институции, стартапи, компании и истражувачи.

- На овој начин и ние ќе се вклучиме на европската структура на вештачка интелегенција што значи нови можности за развој, истражување, меѓународна соработка и дигитална иновација. Но проектот има и поголема цел, а тоа е да изгради Национален еко систем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелегенција, рече Андоновски наведувајќи пет приоритетни области.   

Прво, и за Владата како најзначајно - јазик и култура, а целта на овој проект е системски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство. Примена на вештачката интелигенција во здравството, енергетиката, јавната администрација и земјоделието. 

Освен структура „Везилка“ ќе основа Центар за обука и за тренинг за Вештачка интелигенција. Планирано е да се спроведуваат обуки, едукативни програми и практични проекти со цел да се развијат вештини, знаења за новата дигитална економија. Андоновски рече дека ова се инвестиции во следната генерација ученици, студенти, истражувачи кои ќе ја водат Македонија во следната дигитална декада. 

- Создаваме систем, а не ад хок проекти. ‘Везилка’ ја симболизира нашата визија – Македонија како дигитално суверена држава со силна научна и иновациска основа. Ова е чекор со кој нашата земја станува активен партнер во европскиот технолошки простор, а не само набљудувач, додаде Андоновски.

Министерот ги покани сите истражувачи, сите високообраозвани установи и институти да се приклучат во овој Национален проект. 

Андоновски, одговарајќи на новинарски прашање, рече дека прво и најзначајно за нас е градење на македонски јазичен модел на вештачка интелигенција, иако веќе постојат примери на развој на јазични модели но оти тој пристап не е системски туку повеќе научен. рече министерот.  

Димитар Трајанов, кој го води проектот на ФИНКИ, рече дека целта е да собереме доволно македонски текстови, да се дигитализираат текстови и содржини кои не се, и понатаму да се направи една добра база и квалитетен дата сет кој што ќе служи за  градење на добар јазичен модел. Покрај ова имаме и друг проект кој е финансиран од МОН. Како што појасни Трајанов, тој јазилен модел ќе биде на нашите сервери со што ќе ја задржиме нивото на приватност, на суверенитет итн, а примената во сите други области е извонредно интересна. Областите се избрани врз база на стратегијата на Смарт Македонија. 


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано