Економија

КИНА И САД поведоа „бродска“ трговска војна

Од денеска, САД и Кина наметнуваат пристанишни такси на товарни бродови што превезуваат сè, од играчки до сурова нафта. Со ова, трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот, се проширува и на поморскиот превоз.

Министерството за транспорт на Кина објави детален документ во кој се пропишуваат посебни пристанишни такси за бродови во сопственост или управувани од американски компании, организации и поединци, како одговор на неодамнешните рестриктивни мерки на САД против кинескиот бродски сектор.

Документот, кој содржи 10 члена, ги специфицира обемот и стандардите за наплата, субјектите задолжени за наплата, видовите патувања што подлежат на таксите, како и датумот на спроведување и други технички детали, објави Ксинхуа.

Според соопштението, ослободувањата ќе важат за бродови изградени во Кина, празни бродови што влегуваат на поправки и други случаи што се сметаат за оправдани за ослободување од плаќање.

Министерството изјави дека нивото и обемот на таксите ќе бидат динамички прилагодени во согласност со економските и политичките околности во времето на спроведување.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека ќе воведе пристанишни такси за товарни бродови во сопственост на Кина и за бродови изградени или кои пловат под кинеско знаме.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано