Бизнис
Цената на среброто расте побрзо од цената на златото!
10.10.2025
Цената на среброто се зголеми за повеќе од четири отсто достигнувајќи околу 51 долар за унца, првенствено поради зголемената побарувачка на инвеститорите во побезбедни средства.
Ова го продолжи растот на цената на овој скапоцен метал, надминувајќи го претходниот рекорд што беше забележан во 1980 година.
Годинава цената на среброто порасна за повеќе од 70 проценти, надминувајќи го златото, што е предизвикано од фискалните ризици во Соединетите Американски Држави, потенцијалот за пониски каматни стапки, прашањата за независноста на Федералната резервна банка (ФЕД) и неодржливите нивоа на глобални дефицити и долгови.
Недостатокот на слободно достапно сребро на лондонскиот пазар дополнително го засили растот на цените.
Со примена на среброто во индустриски проекти, како што се соларни панели и ветерни турбини, се очекува побарувачката за сребро да ја надмине понудата петта година по ред во 2025 година, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис