Општество

Повик за студенти и наставен кадар во партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2026/2027 година. Програмата има цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање  заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).

-Република Северна Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS IV - Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како координатори или партнери во CEEPUS IV универзитетските мрежи од различни области, се наведува во повикот. 

МОН посочува дека согласно CEEPUS IV договорот има одредени промени - CEEPUS мрежата треба да ја сочинуваат најмалку пет високообразовни установи од најмалку пет држави членки на CEEPUS програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата.

- Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки. Во академската 2026/2027 година еден професор со наставно знаење може да координира само една мрежа, додека бројот на мрежите во кој еден професор со наставно знаење може да ја има улогата на контакт лице е ограничен на четири академски мрежи, наведува МОН во објавата

 Аплицирањето е единствено онлајн на www.ceepus.info, а рокот е 30 ноември 2025. Во повикот е појаснето дека пријавувањето за вмрежување е онлајн на платформата на  CEEPUS  програмата на www.ceepus.info.

-За поднесување на пријавата задолжен е координатор на мрежата, додека установите учеснички имаат обврска да ја приложат побараната документација во рамки на електронската пријава, се посочува објавениот повик во кој се наведени и документите потребни за аплицирање, како и контактите во МОН за подетални информации во врска со пријавувањето.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано