Економија
Глобални слободни зони — Најдобри индустриски зони за 2025 година
10.10.2025г
Неизвесноста во глобалните трговски политики, нарушувањата во синџирите на снабдување и растечката автоматизација ги направија слободните економски зони особено привлечни за мултинационалните компании во управувањето со нивните производствени и логистички операции.
Изданието за 2025 година на наградите „Глобални слободни зони“ на fDi Intelligence ги препознава најдобрите индустриски зони — оние во кои мнозинството компании произведуваат стоки или нудат логистички услуги.
Истражувањето ги замоли слободните зони да ги опишат главните предности што им ги нудат на своите закупци, како што се поттикнувачки мерки, инфраструктура и поддршка, како и нивните стратегии за привлекување инвеститори во приоритетни сектори.
Учесниците, исто така, одговараа на прашања за скорешни инвестиции, начинот на справување со тарифни и нетарифни бариери, како и за нивните напори во подобрување на управувањето, транспарентноста, довербата и одржливоста.
Меѓу 45-те индустриски зони што беа оценети на глобално ниво, беа прогласени победник и високо пофалена зона во рамки на секој од петте географски региони.
Глобални победници
🏆 Победник: ZPE Ceará, Бразил
🏅 Високо пофалена: Jebel Ali Free Zone, Обединети Арапски Емирати
Блиски Исток
🏆 Победник: Jebel Ali Free Zone, Обединети Арапски Емирати
🏅 Високо пофалена: Sohar Free Zone, Оман
Европа
🏆 Победник: Katowice Special Economic Zone, Полска
🏅 Високо пофалена: Zona Franca de Gran Canaria, Шпанија
Африка
🏆 Победник: Glo-Djigbé Industrial Zone, Бенин
🏅 Високо пофалена: Industrial Parks Development Corporation, Етиопија
Азија и Пацифик
🏆 Победник: Freeport Area of Bataan, Филипини
🏅 Високо пофалена: Khairpur SEZ, Пакистан
Америка
🏆 Победник: ZPE Ceará, Бразил
🏅 Високо пофалена: Coyol Free Zone, Костарика
Рангирањето се прави врз основа на пополнет прашалник со детали за инфраструктурата, атрактивноста, растот и стратегијата на зони и истиот се пополнува од страна на агенциите за промоција на инвестиции, операторите на слободни зони и владините институции.Вкупно биле примени 80 прашалници од различни делови на светот.
Потоа комисија составена од внатрешни и надворешни судии ги разгледа сите пријави и им доделува оценки врз основа на 10 критериуми, меѓу кои: инфраструктура, одржливост, поттикнувачки мерки, управување, нови инвестиции итн.
Извор: fDi Intelligence