Вести

И УТРОВО ИМАШЕ „ЗАМАГЛЕН“ ВОЗДУХ ВО ПИНТИЈА, ДРАЧЕВО И РАСАДНИК !

Жителите во населбите Пинтија, Драчево и во зградите од Расадник во Кисела Вода утрово можеа да почуствуваат тежок мирис на изгорено во воздухот. Во утринските часови граѓаните може да го забележат „замаглувањето“ на воздухот над овие населби.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информира дека со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата „Дрисла“ од кој излегува чадење, површина голема приближно колку едно фудбалско игралиште.

„Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но сè уште присутно,“ изјави Ангелов од лице место, пренесуваат медиумите во Македонија.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО