Финансии / Банкарство

Даночни олеснувања за американските богаташи, Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша контроверзниот закон за даноци и трошоци. Трамп стави потпис на законот на церемонија на отворено на 4 јули, американски национален празник по повод Денот на независноста.

Републиканците во Конгресот на САД во четвртокот го усвоија популарно наречениот „Еден голем прекрасен закон“, откако беше одобрен во Сенатот со тесно мнозинство, давајќи му на Трамп голема политичка победа.

Централен дел од законот е трајното продолжување на даночните олеснувања од првиот мандат на Трамп. Тие треба да се финансираат со намалување на социјалните бенефиции - точка што наиде на жестоки критики од демократите.

Но, постојат резерви и во редовите на Трамп. Некои од републиканците го критикуваат фактот дека законодавството не оди доволно далеку во однос на намалувањето на трошоците и се заканува да го зголеми буџетскиот дефицит уште повеќе.

Пакетот предвидува повеќе трошоци во некои области, како што се заштитата на границите и одбраната  и намалувања во други сектори.

Технолошкиот милијардер Илон Маск минатата недела постираше серија објави на социјалните мрежи во кои го критикуваше законот и се закани дека ќе формира трета политичка опција во САД.

Трамп ги отфрли критиките од Маск и со недели го фалеше овој законски прокет нарекувајќи го „Еден голем прекрасен закон“.

Богатите американски граѓани би можеле значително да профитираат од новиот закон за даноци на претседателот Доналд Трамп, со кој намалувањето на даноците од 2017 година станува трајно и се добиваат дополнителни олеснувања за оние со највисоки приходи, особено за инвеститорите во мали бизниси. Богатите американски граѓани веројатно ќе добијат низа нови даночни олеснувања во она што американскиот претседател Доналд Трамп го нарекува „голем, прекрасен закон“. Како и трајно продолжување на многу од намалувањата на даноците од 2017 година, според даночните експерти. Американските даночни обврзници кои заработуваат 1 милион долари или повеќе можат да очекуваат нивниот приход по оданочувањето да се зголеми за приближно три проценти според верзијата на сенатскиот закон на Трамп, според американскиот даночен центар, објавува CNBC.

Во финансиска смисла, лицата со милионски долари заработка во 2026 година ќе имаат просечно зголемување на нето-приходот од 75.000 долари.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано