Финансии / Банкарство
Централна банка на Албанија ја намали основната каматна стапка на 2,5 отсто
03.07.2025
Поради геополитичките тензии што ја потресоа глобалната економија, Централна Банка на Албанија ја намали основната каматна стапка за лекот за 0,25 проценти, со што таа сега изнесува 2,5 проценти, објавија албанските медиуми.
Последен пат основната каматна стапка се промени во ноември минатата година. Ова значи дека ратите на кредитот за оние кои треба да го вратат или за оние кои планираат да земат ќе бидат помали.
- Надзорниот одбор смета дека оваа одлука создава посоодветни монетарни услови за одржливо и навремено враќање на инфлацијата кон целта. Таа ја потврдува нашата посветеност за враќање на инфлацијата кон целта во најкраток можен рок и создава поповолни монетарни услови за зголемено кредитирање и стабилност на девизниот курс, изјави гувернерot Гент Сејко.
Според него се очекува оваа одлука да даде уште еден поттик на домашната економија воопшто и на граѓаните посебно, по зголемувањето на бруто домашниот производ за помалку од 3,4 отсто во првиот квартал од годинава
- Економскиот раст беше проследен со понатамошно подобрување на пазарот на трудот и приходите на домаќинствата. Вработеноста во неземјоделскиот сектор продолжи да се зголемува, стапката на невработеност падна на 8,7%, додека растот на платите беше 9,6% во текот на првиот квартал од годината. Перформансите на пазарот на трудот сугерираат дека економскиот раст е проследен со зголемени приходи на албанските домаќинства, но тој продолжува да биде фактор на ризик за зголемени трошоци за производство и инфлација во иднина, додава Сејко.
Додаде дека „светските пазари се на раскрсница, а економските предизвици се големи" и оцени дека ова би можело да значи дека граѓаните ќе мора да трошат повеќе за храна.
- Со поевтини кредити и поповолни услови, бизнисите и семејствата ќе имаат повеќе можности да инвестираат и да се соочат со денешните предизвици. Сепак, ефектите од оваа одлука ќе зависат и од динамиката на глобалните пазари и случувањата на меѓународната сцена, посочува албанскиот гувернер.
Извор/фото МИА