Финансии / Банкарство

ЗЛАТНИТЕ РЕЗЕРВИ НА СРБИЈА СЕ НА РЕКОРДНО НИВО!

10.06.2025

Резервите на злато во Србија достигнале повеќе од 50 тони и оваа количина и вредност е рекордна, изјави Јоргованка Табаковиќ, гувернерката на Народната банка на Србија.

Според извештаите од јули 2012 година, резервите на злато во Србија се три пати поголеми во споредба со тој период, посочи Табаковиќ на конференцијата за финансиски услуги „Инвестициите во фокус - Глобални трендови, локални одговори“ што се одржа  во Белград.

Гувернерката истакна дека Србија доживеала голем успех во финансискиот сектор во последните неколку години и потсети на фактот дека  е оценета како земја со инвестициски ранг, објави Информер.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано