Финансии / Банкарство
НОВА ПРОМЕНА ВО СОПСТВЕНИЧКАТА СТРУКТУРА НА МАКЕДОНИЈАТУРИСТ
10.06.2025
Македонијатурист во соопштението доставено до Македонска берза известува за промена на сопственичката структура. Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известува дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн доо увоз-извоз Скопје купи дополнителни 215 акции и сега поседува 51.911 акции односно 11,48% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД.
Исто така и акционерот Друштво за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо Скопје купи дополнителни 190 акции и сега поседува 29.010 акции односно 6,41% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД.