Финансии / Банкарство
ИНДЕКСОТ СиП 500 ПОВТОРНО НАД 6.000 ПОЕНИ
09.06.2025
За прв пат од крајот на февруари, референтниот индекс на американските акции S&P 500 се искачи над нивото од 6.000 поени откако пазарното расположение беше поткрепено од позитивниот развој на настаните во областа на трговската политика и пазарот на трудот. Оваа кошничка од 500-те најголеми американски компании порасна за 1,5 проценти во текот на неделата, додека индексот на технолошки акции, Nasdaq, доби 2,2 проценти.
На макро ниво, во фокусот на вниманието на инвеститорите беше американскиот пазар на трудот, кој исто така покажа стабилност во мај. Американските работодавци додадоа 139.000 нови работни места во мај, над проценката од 125.000. Стапката на невработеност остана на непроменето ниво од 4,2 проценти и всушност во последната година флуктуира во тесен опсег од 4,0-4,2 проценти, пренесува Данас.
фото freepic