Финансии / Банкарство

Зошто зајакнува руската рубља!

08.06.2025

Во последните денови немаше поголеми движења меѓу водечките валути на девизните пазари, но руската рубља продолжува да изненадува.

Според Банката на Америка, вредноста на рубљата се зголеми за речиси 50 проценти во споредба со доларот, но вистината е дека во претходните две години значително ја изгуби својата вредност. Постојат неколку причини за зајакнување на рубљата.

Важна причина за растот на руската валута е тоа што руските извозници, главно од нафтената индустрија, се принудени да го вратат голем дел од својата странска заработка во својата татковина и да ја заменат за рубли поради барањата на руската влада. И покрај сè, експертите велат дека понатамошниот раст на рубљата е малку веројатен, пренесува Сеебиз.


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано