Финансии / Банкарство
Шесте милијарди евра од Договорот за стратешко партнерство ќе бидат достапни под најдобрите услови на пазарот, најави Мицкоски
17.05.2025
Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра, а условите под кои ќе бидат достапни овие средства се најдобрите што некој може да ги има на пазарот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
- Ги знам отприлика бидејќи веќе се преговара со месеци и можам да кажам дека се најдобрите што може да ги има на пазарот, но тоа се уште не е финиширано, не е конечно иако сме блиску до конечно решение. Многу скоро од денеска и тоа ќе биде објавено, репер ни е Еуролибор, и два фиксни параметри - грејс период и долг период на отплата, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека дека договорот за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство позитивно ќе влијае и на рејтингот на земјата во однос на условите за водење бизнис.
-Да имате стратешко партнерство со ОК значи и одредена политичка сигурност плус и тоа би требало да влијае позитивно и на рејтинг агенциите и на сите оние што ги проценуваат условите за водење бизнис кај нас. Самиот факт што во првиот квартал оваа година имаме раст на кредитетите, односно кредитирање и на стопанството и на граѓаните од 13 проценти, што е за шест пати повеќе од истиот период во Европа и за два и пол пати повеќе за истиот период минататагодина кај нас, говори дека надежта кај луѓето се враќа и дека довербата е тука и дека тие сакаат да инвестираат и да водат бизнис кај нас. Така што тоа за нас претставува комплимент, појасни претседателот на Владата.
Дел од парите ќе бидат за инвестиции во инфаструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестици во здравстото и нови болници, завршување на проектот на Клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот Медицински факултет, студентски дом со капацитет од 200 легла, изградба на болницата во Кичево, заедно со здравствен дом, реконструкција на Клинилката болница во Тетово. Во наредниоте денови ќе се потпишат договори и за овие инвестици, рече Мицкоски.
Извор/фото МИА