Финансии / Банкарство

ФЕД НЕМА ДА ГИ МЕНУВА КАМАТНИТЕ СТАПКИ НА МАЈСКИОТ СОСТАНОК

06.05.2025

Kкомитетот за отворен пазар  на ФЕД нема да ја промени клучната каматна стапка на својот состанок во мај, кој започнува денес и завршува во среда. Оваа процена се базира на  општиот став на аналитичарите во САД.

Претседателот на Федералните резерви (ФЕД) Џером Пауел постојано го отфрла притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на основната каматна стапка со цел да се стимулира економскиот раст. Како што објасни Пауел, централната банка ќе почека додека последиците од тарифната политика на Трамп не станат појасни.

Царините би можеле да го загрозат економскиот раст, додека се очекува инфлацијата да се зголеми поради очекуваниот недостиг на стоки и повисоките цени. Моментално е под контрола и блиску до целта на централната банка од два проценти годишна инфлација, а американската економија малку се намали во првиот квартал од оваа година, пренесува Сеебиз.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано