Финансии / Банкарство
НОВА ГОРНА ГРАНИЦА ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО КЕШ ВО ЕУ
26.04.2025
Европската Унија воведе нова горна граница за плаќања во готово. Во ЕУ е донесена одлука за ограничување на максималниот износ на готовински трансакции на 10.000 евра, со цел борба против перењето пари. Досега, ваквите трансакции често се извршуваа без доказ за потеклото на парите, што отвораше простор за злоупотреба.
Според новите правила, секој трансфер на готовина во износ од 10.000 евра или повеќе ќе биде дозволен само ако е придружен со важечки документ за идентификација, а купувачот мора да достави и информации за потеклото на парите. Во спротивно, трансакцијата нема да биде можна, но можни се и правни последици.
Иако ќе има одредени исклучоци за деловните корисници и одредени приватни продажби, банките и финансиските институции сè препорачува поголемите суми пари да се префрлаат исклучиво преку електронски плаќања, бидејќи на овој начин е можно да се следи текот на парите и да се избегнат правни компликации, пренесува Блиц.
фото freepic