Финансии / Банкарство

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НАД 3.500 ДОЛАРИ

22.04.2025

Цената на златото продолжи со силниот раст  и за прв пат ја надмина границата од 3.500 американски долари за унца, поради загриженоста кај инвеститорите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го смени претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел.

Денеска цената на златото порасна за дури 2,2 отсто, по скокот од 2,9 проценти претходниот ден.

Трамп ги повика Федералните резерви веднаш да ги намалат каматните стапки, а тоа се смета за закана за независноста на американската централна банка и ја намали вредноста на доларот на најниско ниво од 2023 година, пренесува Блиц.


фото freepic 

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано