Финансии / Банкарство

ТУРСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ

18.04.2025

Турската централна банка  ја зголеми референтната каматна стапка за 3,5 проценти, со што ja прекина тримесечната серија на намалувања, во обид за намалување на постојаната инфлација и финансиската нестабилност.

Комитетот за монетарна политика на централната банка ја зголеми каматната стапка од 42,5 на 46 проценти, како и каматните стапки за кредитирање и задолжување на 49 проценти и 44,5 проценти.

Одборот изјави дека „строгата монетарна политика нема да се промени сè додека не се постигнат одржливи намалувања на инфлацијата и стабилност на цените“.

Тој додаде дека зголемениот протекционизам во глобалната трговија, по воведувањето високи царини низ целиот свет, може да го поткопа намалувањето на инфлацијата во Турција.

Високата инфлација во Турција се припишува на комбинација од неколку фактори: зголемување на цените на енергијата, економските последици од пандемијата на коронавирусот и неконвенционалните економски политики на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган долго време тврди дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација, пренесува Бизнис.рс.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано