Општество
Речиси 80 отсто од „дискриминаторите“ се државни институции
16.04.2025
Благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто бележи Извештајот за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та.
Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување. Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но исклучително покачен е бројот на претставки во областа на членувањето во синдикалното организирање.
Согласно Извештајот, загрижува тоа што скоро 80 отсто од утврдените дискриминатори се државни институции, органи на управата, општини и претпријатија кои вршат јавни овластувања.
- Доставени беа 405 претставки во 2024 година што е за 116 помалку од 2023-та. Речиси идентичен е бројот на мажи и жени што поднесуваат претставки и расте процентот на луѓе кои лично се обраќаат до нас, изјави Игор Јадровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација пред презентацијата на Извештајот.
Според него, граѓаните се уште не се охрабрени да пријават дискриминација врз основа на политичко уверување.
фото freepic