Финансии / Банкарство

Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните компании

11.04.2025

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет ја исплати кон Развојната банка втората транша од средствата од унгарскиот заем наменети за поддршка на домашните компании.

Како што информираа од Министерството за финансии, втората транша е во износ од 4,557 милијарди денари или 74 милиони евра, која се реализира врз основа на доставеното барање од страна на Развојната банка за повлекување средства за проекти што веќе се одобрени од страна на деловните банки.

За поддршка на домашните компании преку унгарскиот заем што го обезбеди Владата по поволни усллови во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра. Досега се искористени и префрлени од централниот Буџет кон Развојната банка вкупно 84,4 милиони евра.

- Средствата се обезбедени во Буџетот. Трансферот се врши согласно Договорот со Развојната банка. Компаниите имаат интерес за овие поволни средства за поддршка на нивните проекти. На располагање има се уште над 150 милиони евра, истакнува  министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО