Општество

Кои се 24 имиња на листата за кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седницата ја заврши Проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 55/2025).

Согласно гласањето на членовите на Комисијата, од пријавените 37 кандидати, поминаа 24, додека на 13 од пријавените кандидатурите им беа одбиени поради немање на комплетна документација која се бараше согласно условите на Јавниот конкурс.

Меѓу кандидатите кои се најдоа на утврдената листа доминираат дипломирани новинари, политиколози, дипломирани правници, но има и актери, музиколози, продуценти, електроинженер и доктор по економски науки.

Тоа се : Валдета Касапи професорка по албански јазик и книжевност од Скопје, Илир Рамадани магистер по правни науки од Ноцо село, Кичевско, Лазо Трпков специјалист политиколог од Скопје, Бурим Рамадани дипломиран музичар теоретичар, педагог од Куманово, Златко Јанковски дипломиран политиколог од Скопје, Патриот Лумани дипломиран новинар од Франгово, Струшко, Ристе Панов дипломиран политиколог и магистер по економски науки од Свети Николе, Давор Пашоски магистер по европски студии за интеграција од Скопје, Марјан Велевски дипломиран новинар од Скопје, Миле Грозданоски дипломиран по историја на книжевности од Скопје, Селпин Керим дипломиран актер од Скопје, Смилка Јанеска Саркањац - диплломиран инженер по електротехника и доктор по економски науки, Ведат Мемедалија дипломиран новинар и економист од с. Слупчане, општина Липково, Никола Мадиќ дипломиран продуцент, магистер по менаџмент на човечки ресурси, Анита Селими - дипломиран правник од Скопје, Музбајдин Ќамили - дипломиран актер од Тетово, Ивана Ефремоски - дипломиран новинар од Скопје, Билјана Бабиќ - дипломиран новинар од Скопје, Антонио Цилаков магистер по правни науки од Велес, Владимир Палашевски - дипл политиколог од Скопје, Томислав Кежаровски дипломиран правник и политиколог од Скопје, м-р Владимир Крстевски - дипломиран продуцент од Скопје, Беким Лачи дипломиран професор од Скопје и Маја Седрак - магистер по музички науки од Скопје.

Во групата на кандидатите кои отпаднаа затоа што не ја поднеле бараната документација се најдоа имињата на Јордан Плевнеш, магистер по филолошки науки и на др. Јета Старова Мехмети, доктор по културни студии.

Програмскиот совет на МРТ има 13 членови кои ги избира Собранието по предлог на овластен предлагач. Советот има претседател и заменик претседател. Собранието ги избира со двотретинско мнозинство. Мандатот на членовите на Програмскиот совет е пет години со право на уште еден последователен мандат.  


 

Извор МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано