Општество

Општина Центар со јавен повик за доделување субвенции за велосипеди

Во Општина Центар е во тек јавниот повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема.

- Од 2022 година досега, доделивме 376 субвенции за велоспеди, 47 субвенции за е-велосипеди и е-тротинети, како и 7 субвенции за дополнителна опрема. Овие субвенции се дел од нашите заложби за подобар квалитет на живот во централното градско подрачје, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. 

Граѓаните можат да добијат субвенција од 30% од цената на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, како и субвенција за дополнителна опрема (детски седишта и кациги) до 1.000 денари. Повикот е отворен од 24 март, а барањата ќе се обработуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Правото на субвенција е еднократно, а жителите на Центар треба да поднесат барање со потребна документација: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка во оригинал и истата да ја достават во архивата на Општина Центар, барака бр.6, од 09.00 до 15.00 часот. 

За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата centar.gov.mk: https://www.centar.gov.mk/?p=24738


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано