Финансии / Банкарство

Индијците доминираат во поседување на станови во Лондон, повеќе и од Англичаните!

15.03.2025

Индијците сега се најголемите сопственици на имот во Лондон, кои инвестираат многу во станови, од една до три спални соби, по цена од 290.000 до 450.000 фунти.

Во последниве години, индиските инвеститори станаа доминантна сила на пазарот за недвижнини во Лондон, надминувајќи го дури и локалното население во сопственост на имот. Овој тренд е резултат на комбинација на економски, образовни и културни фактори кои го направија Лондон атрактивна дестинација за индиските купувачи.  

Индиските купувачи, вклучително и нерезидентни Индијци, меѓународните инвеститори и семејства кои се преселуваат во Обедитеното Кралство поради бизнис или вработување, сè повеќе инвестираат во недвижности во Лондон, пренесува Banker Me. Нивните просечни инвестиции се движат помеѓу 290.000 и 450.000 фунти за апартмани со една до три спални во центарот на Лондон.

Неколку клучни фактори придонесуваат за растот на индиските инвестиции во недвижен имот во Лондон: стабилен пазар на недвижности, кој обезбедува сигурност за инвеститорите;  можности за образование: Обединетото Кралство забележува пораст на студентски апликации од Индија, зголемувајќи ја побарувачката за имоти во близина на универзитетите. Другите фактори се поврат на инвестицијата: лондонскиот пазар за недвижнини нуди конкурентни стапки на поврат на инвестицијата, што го прави привлечен за инвеститорите, како и поволни девизни курсеви односно валутните флуктуации често ги фаворизираат индиските инвеститори, што им овозможува поповолни услови за купување, пренесува Бизнис.ба.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО