Финансии / Банкарство
НАРОДНА БАНКА НА СРБИЈА ГИ ОГРАНИЧУВА БАНКАРСКИТЕ КАМАТИ ЗА ЗАЕМИТЕ НА КАРТИЧКИ И ЗА СТАНОВИ
15.03.2025
Народната банка на Србија ги објави максималните каматни стапки на кредитите кои ќе важат до 31 мај. НБС од 1 јуни НБС ќе објавува нови максимални стапки што банките ќе можат да ги наплатуваат за заемите, како и за долгот од кредитни картички и за дозволените и забранети пречекорувања.
Каматната стапка на станбените кредити – и динари и во евра – може да биде најмногу пет проценти. Банките до 31 мај можат да одобруваат готовински и потрошувачки кредити со каматни стапки до 14,08 отсто доколку се во динари или 6,98 отсто доколку се врзани за девизи.
Кога станува збор за кредитните картички, каматната стапка на долгот од динари може да биде најмногу 17,75 отсто, а на долгот во евра на овие картички најмногу 14,65 отсто.
Каматните стапки и за дозволените и за забранетите пречекорувања можат да бидат најмногу до 19,75 проценти.
Следните податоци за максималните каматни стапки на кредитите на граѓаните НБС ќе ги објави на 1 јуни и тие ќе важат од тој ден до крајот на ноември.
Законот кој веќе стапи во сила (а истече времената одлука на НБС за ограничување на каматите) предвидува каматната стапка на станбените кредити да биде најмногу пет отсто до крајот на 2025 година. Тоа значи дека во тој период банките нема да смеат да одобруваат станбен кредит со каматна стапка повисока од пет проценти, без разлика дали се работи за фиксна или променлива стапка, пренесува Н1.
фото freepic