Финансии / Банкарство

ПРЕДВЕСНИК НА НОВА КРИЗА, ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ГО НАДМИНА ПСИХОЛОШКИОТ ПРАГ

14.03.2025

Ценaта на златото за првпат во историјата надмина 3.000 долари за унца, што беше поттикнато од зголеменото купување на централните банки, економската нестабилност ширум светот и обидите на претседателот Доналд Трамп да ги прекрои  правилата на глобалната трговија со воведување царини за сојузниците и стратешките ривали.

Преминувањето на психолошкиот праг од 3.000 долари ја потврдува вековната улога на златото како складиште на вредност во турбулентни времиња и како показател за страв на пазарите. Во последните 25 години, цената на златото се зголеми за десет пати, надминувајќи го дури и S&P 500, референтниот индекс на американските акции, кој се зголеми за четири пати во истиот период.

Додека трговците се подготвуваа за царините, цените на американското злато се искачија над другите меѓународни одредници, што ги натера трговците да брзаат да испраќаат големи количества златни прачки  во Америка пред да стапат на сила новите царини. Повеќе од 23 милиони унци злато, во вредност од околу 70 милијарди долари, влегоа во магацините на њујоршката фјучерс размена Comex помеѓу денот на изборите и 12 март. Приливот беше огромен што придонесе за рекордно зголемување на трговскиот дефицит на САД во јануари.

Скоковите на цената на златото обично ги придружуваат пошироките економски и политички кризи. Златото ги  проби 1.000 долари за унца по финансиската криза, а за време на пандемијата со Ковид надмина 2.000 долари, пренесува Инвеститор.ме.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО