Финансии / Банкарство
ИНИЦИЈАТИВА ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ЗА УКИНУВАЊЕ НА МОНЕТИТЕ СО НАЈМАЛА ВРЕДНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА
13.03.2025
Бундесбанката предложи укинување на монетите од еден и два евроценти во Германија. Оваа иницијатива доаѓа од Националниот форум за готовина и има за цел да ги направи трансакциите со готовина поефикасни со тоа што ќе дозволи сметките да се заокружат до најблиските пет центи.
Националниот форум, кој вклучува претставници на малопродажниот сектор, банкарски здруженија и застапници на потрошувачи, се залага за законодавна рамка која ќе ги стандардизира правилата за заокружување на цените низ Европа. Доколку се примени, ова ново правило би значело дека сметката од 4,99 евра би се заокружила на 5,00 евра, додека сметката од 1,02 евра би била усогласена на 1,00 евра.
Буркхард Балц, член на одборот на Бундесбанк, објасни дека економските и еколошките трошоци поврзани со производството, пакувањето и транспортот на монетите од еден и два центи се несразмерно високи во споредба со нивната номинална вредност.
Иницијативата доаѓа во време на тековните дискусии за иднината на готовината во сè подигиталната економија.
Неколку европски земји веќе тргнаа кон намалување на употребата на монети со помала деноминација. На пример, Финска има закон кој ги заокружува плаќањата во готовина до најблиските пет центи, додека монетите од еден и два центи сè уште се признаваат како законско средство за плаќање. Од трговците на мало во Финска не се бара да ги прифатат овие монети.
Слични практики за заокружување се усвоени во земји како што се Холандија, Словачка, Ирска, Италија, Белгија и Естонија. Се чини дека јавното мислење за ситните монети се менува, а мнозинството од испитаниците во неодамнешното истражување на Евробарометар се за укинување на монетите од еден и два центи, пренесува Индекс.
фото freepic