Финансии / Банкарство
ГОДИШНАТА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ВО РУСИЈА НА НАЈВИСОКО НИВО
13.03.2025
Годишната стапка на инфлација во Русија достигна 10,1 отсто во февруари, што е за 0,2 процентни поени повеќе во однос на јануари и највисока од февруари 2023 година, објави Рускиот завод за статистика.
Според аналитичарите, важна причина за високата инфлација е јавната потрошувачка, а зголемувањето на каматните стапки има ограничен ефект врз таквата инфлација, пренесува Мина.
Русија ја зголеми јавната потрошувачка за да го финансира зголеменото производство на оружје и воена опрема и да ги плати своите војници. Ова доведе до зголемување на инфлацијата.
Руската централна банка почна да ја зголемува основната каматна стапка. Моментално изнесува 21 процент, што е највисоко во последните 20 години. Сепак, економистите предупредуваат дека зголемувањето на каматните стапки за да се влијае на инфлацијата, има ограничен ефект.
Според проценката на централната банка во февруари годинава инфлацијата ќе биде од седум до осум проценти.
Бруто домашниот производ на Русија минатата година порасна за 4,1 отсто, надминувајќи ги владините очекувања, пренесува Курир.
фото freepic