Општество

„Македонија презент” распишува конкурс на тема „Јас, Итар Пејо”

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” – Скопје распиша конкурс на тема „Јас, Итар Пејо”. Како што соопштија од Фондацијата, сите заинтересирани автори од сите возрасти треба да испратат свои хумористични и сатирични прилози на мејлот „info@macedoniapresent.mk“ најдоцна до 25 март оваа година.

Авторите треба да испратат хумористична или сатирична песна, расказ, карикатура, афоризми (десет), хумористично-сатирична книга и слично.

-Резултатите од Конкурсот ќе бидат соопштени на 1 април 2025 година, кога ќе биде доделена и специјалната награда „Сатир” за најдобра хумористично-сатирична книга објавена во 2024 година, се вели во соопштението на Фондацијата „Македонија презент”.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано