Општество
МОИТЕ ПРЕКРАСНИ ДЕЦА ДОМА И ВО СВЕТОТ
Лидија Георгиева | Авторот е дизајнер, редовен професор
Економија и бизнис | печатено издание | 15 јануари 2025г.
Во работната кариера како моден дизајнер и дизајнер на театарски, а од неодамна и на филмски костими, не очекував дека ќе работам и како редовен професор на УКИМ. Но, ете ме веќе преку тринаесет години на ТМФ/УКИМ – Скопје во редовна интеракција со нашите идни креативни сили. Впрочем, тоа е и мојот универзитет, како и на повеќето од нас − генерации родени во минатиот век. Со дел од нив сум во контакт и кога ќе ги завршат студиите, па се радувам на секој нивен успех. Особено се радувам кога ќе ми речат дека благодарејќи на таа и таа научена лекција или сработена задача успеале нешто да постигнат, а се случило и да добијат работно место. Некои од нив редовно ми се јавуваат од странство и си разговараме за креативната сцена и за актуелните случувања во модната индустрија, а можно е и да ме прашаат за совет и за мислење, кои со задоволство ги давам. Моите чувства за нивниот напредок и кариера се поделени. Од една страна, се радувам како горд ментор и професор, а од друга страна би сакала тие што се надвор од земјава понекогаш и овде да доаѓаат и да ја збогатат домашната креативна сцена со своите знаења и со искуства.
А на страна фактот што не смееме да го заборавиме − во секој наш дипломиран студент инвестирал нашиот образовен систем, па ако судиме по нивните успеси надвор од земјава (тука мислам на брилијантните кадри во сите области, не само во креативните индустрии) можеби и не е толку лош како што мислиме. Основата е добра, а борбата меѓу конзервативните и прогресивните умови внатре во самиот УКИМ е тема за друг текст.
За почеток на оваа година, за нив имав само едно прашање, односно за тие што се во земјава која е точката не прекршување, точката на одлука поради која живеат и работат тука, а за тие што не се во земјава која е точката на прекршување и на одлука поради која живеат и работат надвор од земјава.
ЦЕЛИОТ ПРИЛОГ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК