Финансии / Банкарство
ГЛОБАЛНАТА ЗАДОЛЖЕНОСТ РАСТЕ, СЕРВИСИРАЊЕТО НА ДОЛГОВИТЕ СТАНУВА ПОСКАПО
04.03.2025
Глобалното задолжување на владите во светот годинава ќе достигнат рекордни 12.300 милијарди долари, поради растот на трошоците за одбрана, зголемувањето на јавната потрошувачка во повеќето економии и повисоките каматни стапки.
Според проценките на агенцијата S&P Global Ratings, вкупната задолженост на државите во светот ќе се зголемат за три отсто и ќе достигне 76.900 милијарди долари. Во последните години овој долг растеше брзо поради глобалната финансиска криза, пандемијата од коронавирусот, а сега и поради потребите за зголемени издвојувања за одбраната во Европа.
Роберто Сифон-Аревало, раководител во S&P, вели дека најголемите економии и натаму ја користат фискалната политика за решавање на криза со криза, што доведува до поголемо задолжување на државите. Покрај ова се зголемиле и трошоците за сервисирање на долговите затоа што приносите за обврзниците значително пораснаа откако централните банки ги одредија програмите за купување на државни обврзници. Задолжувањето заради финансирање на поголема потрошувачка беше одржливо додека каматните стапки беа ниски, но сега станува проблем, сметаат аналитичарите.
Проценките на S&P се дека фискалниот дефицит на САД ќе остане над шест отсто од БДП до 2026 годинa, во статусот на доларот како глобална резервна валута овозможува значителна флексибилност во управувањето со јавните финансии.
Кина ќе го зголеми издавањето на долгорочните обврзници за повеќе од 370 милијарди долари, на вкупно 2.100 милијарди доалри, во обид да ја заживее домашната економија преку зголемена потрошувачка.
Задолженоста на другите држави во светот ќе остане на исто ниво како и минатата година. Вкупната глобална задолженост ќе достигне 70,2 отсто од глобалниот БДП, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic