Финансии / Банкарство

ПРОФЕСИОНАЛНАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА Е ВАЖЕН ДВИГАТЕЛ НА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

27.02.2025

Професионалниот фудбал во германскиот буџет во сезоната 2023/24 генерираше даночен приход од 4,6 милијарди евра. Даночните приходи од фудбалот се зголемени за четвртина во последните шест години., објавија од консултантскатата фирма McKinsey & Company.

За споредба за големината на остварените приходи од фудбалот само за годинава  германската влада издвоила 4,4 милијарди евра за федералната полиција.

Бројката од 4,6 милијарди ги вклучува даночните приходи од ТВ права, спонзорства и угостителски услуги и други услуги директно поврзани со професионалниот фудбал.

Во набљудуваниот период, фудбалот индиректно остварил уште 14,2 милијарди евра даночен приход и вработил 140.000 луѓе, од кои 10 отсто се изворни приходи, а другиот дел се остварени во сродни дејности.

- Бундеслигата е важен економски двигател кој вработува значителен број луѓе и ја поттикнува продажбата во сродните сектори, рече директорот на германската фудбалска лига Марк Ленц.

Фудбалските клубови се важен фактор за градовите и локалните заедници, не само поради нивното општествено значење, туку тие значително придонесуваат и за економијата, додаде тој, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано