Општество

ИЗБРАНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДО 67 ГОДИНИ СТАРОСТ

Собранието денеска усвои повеќе предлози на закони за изменување и дополнување како што се измени и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка, измени и дополнувања на Законот за еднакви можности на жените и мажите и измени и дополнувања на Законот за девизното работење.

Со измените на Законот за работни односи, лицата избрани или именувани од надлежен орган можат да продолжат да ја вршат својата функција и по исполнување на условите за старосна пензија, но најмногу до 67 години. Според предлагачите, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со измените се очекува креирање на можност за брзо и времено надминување на проблемот со дефицитот на судии и јавни обвинители и консеквентно на тоа подобрување на ефикасноста на судските постапки, како и пристапот до правда за граѓаните. За опозицијата, предлогот е противуставен и спротивен на начелото на еднаквост. 

Пратениците, исто така, денеска ги изгласаа и предлог измените и дополнувањата на Законот за девизното работење, Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за банките, Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, објави МИА.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано