Финансии / Банкарство
ВО ХРВАТСКА 200.000 ГРАЃАНИ ИМААТ БЛОКИРАНИ СМЕТКИ
11.02.2025
На 199.500 хрватски граѓани им биле блокирани сметките на крајот на јануари годинава. Како што соопштија од Финансиската агенција (ФИНА), граѓаните со блокирани сметки имаат вкупен главен долг од 2,94 милијарди евра.
Истовремено, блокирани се 12,6 илјади деловни субјекти чиј главен долг изнесувал 664,3 милиони евра.
На крајот на јануари во регистарот на блокирани лица во Хрватска се регистрирани 199.467 потрошувачи што е за 0,2 отсто повеќе од претходниот месец и за 5,9 отсто помалку од пред една година. Бројот на блокирани потрошувачи падна под 200.000 минатиот месец за прв пат по 15 години, што значи дека 199.165 се блокирани.
Главнината на нивниот долг на крајот на јануари годинава изнесува 2,94 милијарди евра, што е за 0,2 отсто повеќе од декември 2024 година или за 8,7 отсто повеќе од јануари 2024 година. Кога на каматниот долг од 1,11 милијарди евра ќе се додаде главнината од 2,94 милијарди евра, вкупниот долг на граѓаните со блокирани сметки на крајот на јануари изнесува 4,05 милијарди, пренесува „Бизпортал“.
фото freepic