Општество

„Заедно за интернет без омраза и врсничко насилство“, Македонски Телеком и УНИЦЕФ започнаа со реализација на проектот

Преку примери и лични искуства на млади кои се соочиле со говор на омраза на интернет, денеска, започна реализацијата на двегодишниот проект на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ на тема „Заедно за интернет без омраза и без врсничко насилство“.

На денешната средба со медиумите, млади извидници раскажаа приказни со кои се соочиле дел од нивните врсници, но и лични искуства каде биле изложени на срам поради говорот на омраза на интернет кој бил користен против нив.

Главниот и извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев, проектот има за цел да создаде алатки за децата да знаат како да се заштитат, промовирајќи ја почитта и инклузивноста кај младите, бидејќи, како што рече, тие имаат потреба да научат како да се справат со овој феномен.

- Се сеќавам на периодот пред короната и во екот на короната, кога во едни субоптимални услови организиравме работилници каде што замислувавме стратегии како да го пресретнеме говорот на омраза на интернет и како да го спречиме тој говор на омраза на интернет во насока на промовирање на почитта, во насока на промовирање на инклузивност. Негативниот феномен којшто го забележуваме е кај младите, тие имаат потреба да научат како да се справат со овој феномен, којшто, за жал, станува сѐ поприсутен. Во оваа значајна фаза во нивниот развој сметаме дека нашата одговорност како компанија е да помогнеме и да ги создадеме тие алатки за децата да знаат како да се заштитат. Борбата против омразата е секако колективна, никој не може да биде сам победник, можеме само како тим, рече Љушев.


 

Извор МИА

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано